Достапни линкови

Ваши коментари - „Детонаторската“ риба да се чисти од главата


Младинските онлајн колумни, текстовите за Детонатор и неделното интервју, најкоментирани теми на нашиот сајт.

Дозволете ја забелешката, ама штом во некој медиум, па и во нашиов, ќе се појави учесник Македонец со мало навестување дека може да има врска со нашите Албанци, како веднаш да предизвикува негативни реакции кај етничките Македонци. Полициска акција „Детонатор“ во Виница и во Кочани.

Полициска акција „Детонатор“ во Виница и во Кочани.


Рибата од главата смрди ама од опашката се чисти. Овде ќе мора да се чисти од самиот врв - леглото на групата. Сторителите - извршителите треба да останат последни во санкционирањето, но не и да се поштедат.

Можеби потписите под вашите коментари и не се точни, но некоја Гоца од Скопје веднаш го оценила текстот на Реџеп Исмаил од невладината организација Ленка под наслов „Етникум - бомба што тлее“, како контроверзен и дека можеби со него сака да ја манипулира со јавноста, и .... што уште не. А Исмаил во нашата младинска он-лајн колумна само мошне отворено ги искажува своите впечатоци дека во земјава постои поделба што предизвикува омраза и нетрпеливост од која се раѓа конфликт и плус дека власта произведува меѓусебни тепачки и превирања.

Гоца уште смета дека една етничка заедница, не ја именува која е таа, се издвојува според агресивноста и во радикалните барања и дека валканата игра ја играла и во Србија, Црна Гора, а во последно време и во Грција, а дека ЕУ го толерира тоа. Но Африм, исто така од Скопје пишува дека Гоца воопшто и не го прочитала текстот. Тој вели: „Аферим на Реџеп, треба делегитимирање на етникумот како политичка детерминанта“ и дека „само така луѓето како Гоца ќе ја видат заднината на играта“.

Нашиот текст-информација за акцијата Детонатор развил фин писмен дијалог помеѓу редовните Владо од Скопје и Џони од Валандово: Владо, имено пишува дека се плаши работата да не испадне како во изреката: „Рибата од главата смрди ама од опашката се чисти“. Ќе мора, пишува Владо да се чисти од самиот врв - леглото на групата. Џони му одговара дека е точно дека рибата смрди од главата, а главата, вели, е во Владата кај Грујо и бате му Саше.

Неделното интервју на Радио Слободна Европа, овојпат, со министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, го испровоцирало Петар Периќ од Ушкуп само во делот за АКТА: Петар Периќ смета министерот нема поим што значи тоа штом вели дека им одговара на граѓаните. „АКТА воопшто не им одговара на граѓаните и министерот малку нека се информира за тоа, па му дава и веб-адреса каде што може да прочита за тој документ со кој, како што сметаат неговите противници, се воведува цензура и на интернетот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG