Достапни линкови

logo-print

Турскиот премиер Ердоган во Кина


Ердоган и сопругата по пристигнувањето во Урумчи, Кина

Ердоган и сопругата по пристигнувањето во Урумчи, Кина

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска пристигнува во Кина. Тоа е прва посета на еден турски премиер на Кина во изминативе 27 години, а уследи откако во февруари во Турција престојуваше кинескиот потпретседател Си Џинпинг кога беа постигнати договори во вредност од неколку милијарди долари. Во Пекинг се наведува дека во делегацијата на Ердоган ќе има 300 бизнисмени. Ердоган посетата ја почна во Урумчи, главниот град на провинцијата Синџанг во која живее муслиманското малцинство Ујгури, етнички блиски на Турците. Пред неколку години таму имаше судири меѓу ујгурите кои бараат автономија и кинезите.
XS
SM
MD
LG