Достапни линкови

Пад на акциите на азиските берзи


Акциите на азиските берзи денеска забележаа остар пад. Според аналитичарите, тоа е главно поради најновите статистички податоци за вработеноста во Соединетите држави. Во петокот беше објавено дека таму во март биле отворени нови 120 илјади работни места, што е многу помалку од очекуваниот пораст од 203 илјади. Ваквиот пад, најголем од минатиот октомври, ги зголеми страхувањата за состојбата на најголемата светска економија.
XS
SM
MD
LG