Достапни линкови

Претседателот Иванов во неколкудневна посета на Истанбул


Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ќе учествува на конференцијата на Алијансата на цивилизации на тема „Балкански мир – визија за иднината со поуки“,во Истанбул.
Иванов ќе биде еден од главните говорници на конференцијата на Алијансата на цивилизации, што вечер ќе ја отвори претседавачот со Националниот координативен комитет на Алијансата, Бекир Карлига.
Шефот на македонската држава в среда ќе има поздравно обраќање на отворањето на 15-от Евроазиски економски самит во Истанбул.
Главни теми на тридневниот форум годинава се економијата, екологијата и одржливиот развој, со акцент на периодот по економската криза, енергијата - технолошките иновации и иднината на зелената енергија, како и интеркултурниот дијалог – култура на мир.
XS
SM
MD
LG