Достапни линкови

Нападнати полицајци во Белград


При вчерашните нереди во белградското преградие повредени се 12 полицајци и неколку граѓани, соопшти српското министерство за внатрешни работи. Во соопштието е наведено дека се приведени 20 осомничени за нередите кои избиле откако во населбата Решник биле поставени монтжани бараки во кои требало да бидат сместени раселени Роми. Жителите на Решник завчера протестирале поради одлуката на градските власти да ги преселат Ромите во нивната населба. Градоначалникот на Белград Драган Ѓилас ги осуди како што вели „ расно мотивираните нереди “ и изјави дека законот мора да важи за сите со што напаѓачите на полицајците мора да бидат казнети.
XS
SM
MD
LG