Достапни линкови

Експлозија во Нигерија


Властите во Нигерија соопштија дека при експлозија на бомба во градот Кадуна загинале најмалку 38 луѓе а десетина се ранети. При експлозијата причинета е голема материјална штета, оштетени се соседните ресторани, хотел и два цркви. Во соопштението е наведено дека на нападот му претходеле и предупредувања за терористичка акција околу Велигден. Ниту една терористичка група се уште не преземала одговорност за нападот.
XS
SM
MD
LG