Достапни линкови

Неделен печат - „Детонатор“ и антиамериканизам


Да не се неделниците, секое чудо кај нас буквално трае три дена! Па така и со бомбастичната полициска акција во источниот дел на земјава наречена „Детонатор“.
Веќе не може да се крие дека бизнисот за обезбедување е причина за внатрепартиските пресметки во владејачката партија. Само фали да кажат дека и сопругот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ е инфилтриран член на СДСМ во редовите на власта!

Фокус - Власта не ги апсела криминалците блиски до СДСМ, оти тие рекетирале заедно со насилниците од ВМРО-ДПМНЕ?!
Полициска акција „Детонатор“.

Полициска акција „Детонатор“.


Владата единствено се грижи да нема отпуштања од компаниите во кои таа е газда.
Беше додека беше, се случија апсења во неколку градови но - во неделникот Фокус можеме да прочитаме анализа за тоа како власта си спинува аферички во аферите за да се замае народот: „Акцијата ’Детонатор‘ добива трагикомичен расплет“ и „Власта не ги апсела криминалците блиски до СДСМ, оти тие рекетирале заедно со насилниците од ВМРО-ДПМНЕ?!“ - прашува и се чуди во исто време авторот на анализата во која со ироничен подбив додава дека во тој спин што власта го пуштила по акцијата сигурно не веруваат ни самите во ДПМНЕ, но дека мора да се замајува јавноста оти веќе не можело да се крие дека бизнисот за обезбедување е причина за внатрепартиските пресметки во владејачката партија. Само фали да кажат дека и сопругот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ е инфилтриран член на СДСМ во редовите на власта! - подбивно заклучува Фокус.

Глобус - Антиамериканизмот на медиумскиот паж

За „Антиамериканизмот на медиумскиот паж“, пишува во една од постојаните колумни во Глобус, во која покрај другото авторот тврди дека пажевите(притоа мисли на неколкумина новинари мошне блиски експоненти на власта) треба всушност да ги кажат најболните вистини и да ги изговорат потиснатите мисли што долго чмаеле во македонската транзициска свест, при што прашањето е не зошто Миленковци го кажуваат антиамериканскиот став и тоа многу навредливо и со лични подбивања, туку зошто Владата или партијата на власт не реагираат. Власта носи маска, а главното прашање би било: кој е вистинскиот став на Владата во однос на македонско-американските односи. Но авторот на колумната смета дека Вашингтон нема да се потресе од антиамериканизмот во Македонија, тој ќе биде само претстава за домашната публика, а и главните актери ќе бидат само домашни, заклучува Глобус.

Капитал - Македонија или Буркина Фасо?

Престојот на најбогатиот човек на светот, Карлос Слим во земјава ја испровоцирал авторката на уводникот на неделникот Капитал да ја анализира бизнис-климата во Македонија, што ја продуцира власта, при што го поставува прашањето: Македонија или Буркина Фасо? Па ги реди последните промашувања на Владата на тој план: стопирањето на либералниот железнички транспорт и воведувањето забрана за трговија со отпад од метали, одлуки со кои се засегнати цели индустрии со илјадници вработени, а притоа тие одлуки се носат без никакви најави, без консултации со бизнис-заедницата и без никаква анализа какви последици ќе донесат. Владата, заклучува Капитал, единствено се грижи да нема отпуштања од компаниите во кои таа е газда.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG