Достапни линкови

logo-print

Иванов од утре во тридневна посета на Истанбул


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов од утре ќе престојува во повеќедневна посета на Истанбул каде ќе учествува на конференцијата на Алијансата на цивилизации на тема „Балкански мир – визија за иднината со поуки“, како и на 15-от Евроазиски економски самит.
Главни теми на тридневниот форум годинава се економијата, екологијата и одржливиот развој, со акцент на периодот по економската криза, енергијата - технолошките иновации и иднината на зелената енергија, како и интеркултурниот дијалог – култура на мир.
На агендата на форумот во четврток е состанокот на претседатели, кој ќе се одржи во Измир.
XS
SM
MD
LG