Достапни линкови

logo-print

Иванов за Катемерини-Грција да се воздржи од натамошни блокади


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов во интервју за Катемерини изјави дека по пресудата од Хашкиот суд е јасна дека одлуката од Самитот во Букурешт во 2008 година, кога Грција го блокираше приемот на Македонија во НАТО под привремената референца претставува нелегитимен акт и акт спротивен на Времената спогодба. Според него, ставот на земјата е дека пресудата не може да биде игнорирана од никој.
Во однос на евроинтеграцијата на Македонија, Иванов порача дека Грција треба да се воздржи од натамошни блокади и да ги почитува договорите и меѓународното право. Според него, Македонија останува на ставот дека името на земјата не може да се гледа како закана или проблем меѓу двете земји и дека грчката позиција во овој поглед е за жал ирационална.
XS
SM
MD
LG