Достапни линкови

logo-print

Честитка од државниот врв до католичките верници


Премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов по повод празникот Воскресение Христово - Велигден, упатија честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Македонија.
Денес на овој величествен ден сакам во свое име и во име на Владата на Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден се вели во честитката на Груевски.
Иванов им посака на верниците Велигден да го поминат во мир, добро здравје, радост и благосостојба, споделувајќи безусловна љубов со нивните најблиски.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во честитката нагласува дека со почитувањето на религиската и етничката различност го отвораме патот на просперитетна иднина на Македонија.
XS
SM
MD
LG