Достапни линкови

logo-print

Немири по погребот на грчкиот пензионер што се самоуби


По погребот на грчкиот пензионер што се самоуби на плоштадот во Атина, денеска избија нови немири и демонстрации. За време на немирите повредени се неколку полицајци од кои еден е тешко повреден. На погребот на пензионерот Димитрос Христулас присуствувале неколку илјади луѓе, а немирите избиле на улиците во Атина, по завршувањето на погребната церемонија.
Неговата смрт побуди нов бран на протести и судири со полицијата за спорните мерки на Владата, насочени кон совладување на должничката криза во Грција.
XS
SM
MD
LG