Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со старо-нови препукувања


Основачите на СДСМ денска повикаа на обединување на целокупниот опозициски потенцијал. Во соопштението на СДСМ е наведено дека оценката на Советот на основачи е дека актуелната власт ја води државата во погрешна насока, дека владината коалиција се покажала неспособна да се справи со натрупаните социо-економски проблеми, рекордната невработеност и дека се загрозени меѓуетничките односи.
На ова реагираше со соопштение ВМРО ДПМНЕ во кое се вели дека основачите на СДСМ се луѓе кои што се докажале дека незнаат како да раководат и направиле огромен број на злоупотреби, а со тоа нечесно е истите повторно да се борат за подршка и власт по трет пат.
XS
SM
MD
LG