Достапни линкови

МВР направи „чистка“ во полициските станици


По полициската акција „ Детонатор“ МВР разреши 13 старешини од полициските станици во источна Македонија.

Раководители, командири и началници на полициски станици во Штип, Свети Николе, Виница, Крива Паланка, Берово, Пехчево , Делчево и Македонска Каменица, се сменети од нивните функции и заменети со нови. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вели дека причина за смената на полициските старешни се пропусти во нивното работење. Таа изјави дека истрагата на Секторот за внатрешна контрола на МВР утврдила дека во 77 случаи полициските службеници од овие полициски станици настаните кои се пријавувале не ги евидентирале соодветно, односно кривичните дела ги
Гледано низ аналитичките податоци на пример во подрачјето на полициската станица во Кочани во текот на изминатата година има помалку од 5 евидентирани настани каде што има насилство но состојбата на терен очигледно била поинаква.

заменувале со прекршоци, а пријавите со поплаки.
Меѓу разрешените е и началникот на СВР Штип Ѕвонко Каширски, под чија надлежност се и Кочани и Виница, како и началникот на криминалистичката полиција од Штип, началникот на УБК од Кочани и раководителот на одделението за криминалистички работи во Кочани.

„ Гледано низ аналитичките податоци на пример во подрачјето на полициската станица во Кочани во текот на изминатата година има помалку од 5 евидентирани настани каде што има насилство но состојбата на терен очигледно била поинаква“ вели Јанкуловска.

На инфомацијата во медиумите дека во криминални дејствија во југоисточна Македонија се инвовирани и функционери од општинскиот комитет на
ВМРО ДПМНЕ Јанкуловска изјави дека се уште нема потврда такво нешто но без разлика кој е вмешан ќе одговара онака како што предвидува законот.

„Би сакала да им порачам на сите оние што мислат дека ќе се затскријат зад некоја политичка припадност, професија или нивни ангажман во некоја институција, доколку има такви, дека ништо не може да им помогне доколку направиле кривично дело " изјави Јанкулоска.

Разрешувањата следуваат по полициската акција „Детонатор" која стартуваше минатата недела во која беа приведени над 20 луѓе, осомничени за кражби, трговија со дрога, рекет, насилство и други криминални активности.
При последната синоќешна акција во Македонска Каменица полицијата запленила 60 покер апарати и неколку рулет маси. Вкупната заплена на апарати во “Детонатор“ со најновата заплена се искачи на 638.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG