Достапни линкови

Исламската организација за соработка со хуманитарна помош за Сирија


Сирија

Сирија

Исламската организација за соработка соопшти дека ќе испрати хуманитарна помош во вредност од 70 милиони долари за еден милион луѓе кои се погодени од насилството во Сирија. Во соопштението од организацијата е наведено дека работат на програма заедно со Обединетите Нации со која ќе испратат храна и медицинска помош до луѓето погодони од насилството. Овој потег следува по посетата на експертите на ОН и на исламската организација на Сирија минатиот месец. Според податоците на Обединетите Нации во изминатава година во Сирија загинале над 9 илјади луѓе при задушувањето на протестите.
XS
SM
MD
LG