Достапни линкови

logo-print

Голема „чистка “ во полициската структура


Тринаесет полициски старешни меѓу кои командири и началници во полициски станици во југоисточна Македонија се разрешени од должноста. Ова денеска го соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Таа додаде дека меѓу разрешените е и началникот на СВР Штип Ѕвонко Каширски, под чија надлежност се и Кочани и Виница, местата каде што во изминативе денови беше спореведена акцијата „Детонатор“.
За нов началник на штипската полиција е назначен Момчило Сталетовиќ, а замени добиле и останатите разрешени полициски раководители. На досегашната должност останува само началникот на СВР Пробиштип.
XS
SM
MD
LG