Достапни линкови

Нападите во Сирија продолжуваат


Масовни гробници во Сирија

Масовни гробници во Сирија

Најмалку 43 луѓе загинале денеска во Сирија, при воените напади во близина на Хама. Активисти за човекови права тврдат дека владините безбедносни сили извршиле напад врз областа Латамнех. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави дека продолжувањето на нападите на сиријските владини сили врз градовите за кои се смета дека ги држи опозицијата претставува кршење на договореното со Советот за безбедност за повлекување на трупите. Според Бан, договореното дека претседателот Башар ал Асад треба да ја прекине употребата на тешко оружје до 10 април, не значи дека тој дотогаш треба да го продолжи убивањето. Бан побара од сиријските власти веднаш да ги запрат сите воени операции.
XS
SM
MD
LG