Достапни линкови

Почина кинески дисидент во САД


Комеморација во Кина за жртвите од задушувањето на протестите во Пекинг во 1989 година, архивска фотографија

Комеморација во Кина за жртвите од задушувањето на протестите во Пекинг во 1989 година, архивска фотографија

Кинескиот дисидент Фанг Лизхи денеска почина во САД на 76 годишна возраст. Лизхи бил професор по физика на Универзитетот во Аризона. Тој со своето семејство во 1989 година побарал азил во американската амбасада во Пекинг откако кинеската војска ги задушила демонстрациите кои се одржувале во тој период. Станува збор за студентски протести на плоштадот Тјенанмен, каде што полицијата употребила огнено оружје за да ги растера илјадниците демонстранти. Откако му било дозволено да ја напушти Кина по случувањата, остатокот од животот го поминал во САД.
XS
SM
MD
LG