Достапни линкови

Еулекс води истрага за 90 случаи на корупција


Портпаролот на Еулекс Николас Хатон потврди дека оваа мисија води истрага за повеќе од 90 случаи на организиран криминал и корупција. ,,Не сакам да коментиран детали од истрагата или да споменувам личности кои се под истрага. Тоа што можам да го кажам е дека Еулекс ќе ги истражува сериозните случаи на организиран криминал и корупција и секој кој е вмешан во нив, изјави Хатон. Деновиве по налог на Обвинителството на Еулекс, беше уапсен Назми Мустафаи, поранешен прв човек на антикорупциската агенција, за кого постојат основани сомненија дека ја злоупотребил службената положба.
XS
SM
MD
LG