Достапни линкови

Момче во Кина продало бубрег за ајфон и ајпед


Кинеската државна новинска агенција Хсинхуа јави дека властите уапсиле пет лица во јужниот дел на Кина, откако еден тинејџер го продал својот бубрег за да може да купи ајфон и ајпед. Лицата, меѓу нив и еден хирург, биле осомничени за тоа што во април лани незаконско извадиле бубрег од 17 годишен средношколец, кој за тоа добил 3.000 долари. Агенцијата додава дека годишно на милион ипол кинези им треба трасплантација на некој орган, но оти се извршувале само 10 илјади, па затоа била раширена илегалната трговија со органи.
XS
SM
MD
LG