Достапни линкови

logo-print

Известија: Русија разместува ракети кај Калининград


Руската војска почнала да разместува ракети од типот земја воздух С400 кај Калининград, кој се наоѓа на балтичкиот брег меѓу Полска и Литванија, пишува рускиот весник Известија, кој се повикува на неименуван офицер. Овие ракети имаат дострел меѓу 120 и 400 километри и веќе се разместени околу Москва, а руските власти планираат тоа да го сторат и на Далечниот Исток. Меѓу Соединетите држави и Русија владее напнатост поради плановите на Вашингтон да постави систем на ракетна заштита во Европа, за кој Москва смета ќе ја загрози руската безбедност.
XS
SM
MD
LG