Достапни линкови

Ракомет: Македонија против Шведска за пласман на ОИ


По поразот од Унгрија на стартот од олимписките квалификации, македонската ракометна репрезентација денеска во 16 часот во Гетеборг ќе игра со домаќинот Шведска. ,,Ако ги искористиме нашите шанси остануваме во игра за пласман на Олимписките игри во Лондон,, вели селекторот на Македонија Ѕвонко Шундовски. Македонија вчера загуби од Унгарија 26:28, додека Шведска го победи Бразил со 25:20. На Европското првенство во Ниш на 15 јануари оваа година одигравме нерешено 26:26. Во шведскиот табор очекуваат тежок и неизвесен дуел. ,,Добро е што победивме на првиот натпревар и имаме два бода. Знаеме дека натпреварот со Македонија ќе биде тежок, изјави еден од двајцата селектори на Шведска Ола Линдгрен.
XS
SM
MD
LG