Достапни линкови

Правата на европските Роми


Меѓународниот ден на Ромите е шанса да се прослави ромската култура, но исто така и да се потенцира дискриминацијата со која Ромите се соочуваат во сите сфери на животот.

Стереотипите и негативните претстави за Ромите од страна на некои медиуми и делови на европското јавно мислење ја потхрануваат дискриминацијата, вели Језерца Тигани, програмски директор за Европа и Централна Азија во Амнести Интернешнал и додава:

„Владите мора да бидат пример, да ги уриваат социјалните предубедувања против Ромите и да им осигураат еднаквост.“

Во Европа има меѓу 10 и 12 милиони Роми што претставува најголема малцинска група која е во најлоша состојба.
Владите мора да бидат пример, да ги уриваат социјалните предубедувања против Ромите и да им осигураат еднаквост.
Меѓународниот ден на Ромите нема значење ако владите не успеваат да им ги гарантираат основните права.

„Меѓународниот ден на Ромите нема никакво значење доколку владите не успеваат да им ги гарантираат основните права“, наведува Тигани.

Милиони Роми живеат во нелегални населби, без соодветни животни услови, односно без вода за пиење и електрична енергија. Тие се изложени на разни болести, но тие немаат никаков пристап кон лекарска нега.

Во некои земји ромските деца често учат во специјални училишта дизајнирани за ученици со лесни ментални пречки или во одвоени класови. Токму заради тоа тие потоа се попречени да најдат соодветна работа.

Во неможност да најдат работа Ромите тешко доаѓаат до обезбедување на основите услови за живот. Социјално маргинализирани, тие исто така се и на политичките маргини.

Кругот се затвора со тоа што Ромите намаат еднакви можности, еднаков третман и целосно уживање на нивните човекови права.

Расистички мотивираните напади врз Ромите во изминативе години прераснаа во алармантен тренд.

„Време е за владите во Европа да ги испочитуваат нивните обврски и да ги заштитат нивните ромски граѓани со запирање на дискриминаторските политики кои ги кршат човековите права на Ромите и ги држат во кругот на сиромаштијата и маргинализацијата“, наведува Језерца Тигани.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG