Достапни линкови

САД: воен авион се урна врз станбени згради во Вирџинија


Најмалку шест лица биле превезени во болница откако вчера американски воен авион од типот Ф18 се урна врз станбени згради во Вирџинија Бич. Двајцата пилоти претходно успеале да се катапултираат од леталото. Капетанот Марк Вајсгербер изјави дека причина за паѓањето била, како што рече, катастрофален механички дефект. Сведоци изјавија дека од авионот, пред да се урне, истекувало гориво. Според некои наводи, со тоа пилотите успеале да се спречат поголема катастрофа, односно ескплозија при падот. Тим Рајли од противпожарната служба изјави дека пет згради биле сериозно оштетени. Областа каде што падна авионот е во близина на неколку воени бази. Со оглед на тоа што во инцидентот немало загинати, гувернерот на Вирџинија Боб Мекдонел изјави дека станува збор за вистинско чудо за Велики петок.
XS
SM
MD
LG