Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун: Сирија не ги спроведува барањата на ОН


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека продолжувањето на нападите на сиријските владини сили врз градовите за кои се смета дека ги држи опозицијата претставува кршење на договореното со Советот за безбедност за повлекување на трупите. Според Бан, договореното дека претседателот Башар ал Асад треба да ја прекине употребата на тешко оружје до 10 април, не значи дека тој дотогаш треба да го продолжи убивањето. Бан побара од сиријските власти веднаш да ги запрат сите воени операции. Американскиот амбасадор во Сирија Роберт Форд постави на Фејсбук сателитски снимки на кои се гледа како сиријската артилерија се подготвува да бомбардира населени места. Форд кој сега се наоѓа во Соединетите држави оценува дека режимот не може да ја скрие вистината.
XS
SM
MD
LG