Достапни линкови

Сопругата на Воислав Шешељ, претседателски кандидат


Српската радикална партија соопшти дека сопругата на Воислав Шешељ на кого му се суди за воени злосторства во Хаг ќе учествува на претседателските избори во Србија закажани за 6 идниот месец. Шешељ од притвор наредил неговата сопруга Јадранка да биде кандидат за претседател. Таа претходно никогаш не била политички ангажирана. Главни кандидати за овие избори се сметаат Борис Тадиќ кој деновиве поднесе оставка на таа функција и лидерот на Српската прогресивна партија Томислав Николиќ.
XS
SM
MD
LG