Достапни линкови

На протестите во Атина повреден фоторепортер


Мариос Лолос

Мариос Лолос

Грчката полиција за спречување безредија, како што јавуваат локалните медиуми, вчера сериозно повредила еден фоторепортер кој ги следел протестите против мерките за штедење во Атина. Станува збор за 46 годишниот Мариос Лолос кој претрпел повреди на главата откако од полицајците бил претепан со палки. Унијата на грчките новинари соопшти дека новинарите кои ги следат протестите постојано биле цел на полицијата. Протестниот митинг во четвртокот беше поттикнат од самоубиството на еден пензионер поради финансиски тешкотии кои произлегуваат од мерките за штедење.
XS
SM
MD
LG