Достапни линкови

Во Франција истече радиоактивна вода


Од францускиот нуклеарен рекатор кој вчера автоматски бил исклучен по избувнувањето на два помали пожари истекла радиоактивна вода. Станува збор за нуклеарката Пенли во Нормандија каде што дошло до дефект на пумпата на разладувачкиот систем. Се наведува дека техничарите денеска успеале да го спречат натамошното истекување и оти радиоактивната вода повторно била собрана во безбедни садови. Исто така се додава дека истекувањето нема да има последици по животната околина. Франција е на второто место во светот, по Соединетите држави, со 58 нуклеарни рекатори кои обезбедуваат 75 насто од електричната енергија во таа земја.
XS
SM
MD
LG