Достапни линкови

Во Бугарија наскоро споменик на Васил Левски


Во Бугарија ќе биде изграден монументален комплекс посветен на идеологот на бугарската национална револуција Васил Левски кој ќе биде еден од најголемите во светот. Комплексот опфаќа споменик висок 133 метри, музеј со најважните сегменти од бугарската историја и информативен центар. Според проценките, изградбата ќе чини околу 4 милиони евра, а средствата ќе бидат обезебедни од спонзори и продажба на сувенири. Споменикот на Левски водачот на борбата против Отоманското владеење ќе биде изграден во Свиленград кој се наоѓа на бугарско турската граница.
XS
SM
MD
LG