Достапни линкови

Американските конгресмени на средба со Вељаноски


Републиканскиот конгресмен Дејвид Прајс, еден од конгресмените кои се во посета на Македонија. Архивска фотографија.

Републиканскиот конгресмен Дејвид Прајс, еден од конгресмените кои се во посета на Македонија. Архивска фотографија.

Делегацијата од десетина конгресмени од Соединетите Држави која престојува во земјава во рамки на програмата „Дом за демократско партнерство“, денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Програмата Дом за демократско партнерство има директна соработка со 16 земји во светот, а нејзина партнерска организација во Македонија е Собранието. Целта на програмата е да се поддржи развојот на ефикасни институции. Освен со Вељаноски, американските конгресмени ќе се сретнат и со координаторите на опозициските партии. Потоа делегацијата заедно со амбасадорот на САД Пол Волерс ќе ја посетат општина Гази Баба.
XS
SM
MD
LG