Достапни линкови

logo-print

Тачи - Србија ги лаже Србите од Северно Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Србија продолжува да ги лаже Србите кои живеат во Северно Косово за можноста од поделба на земјата. Зборувајќи пред тинк-тенк организација во Вашингтон, Тачи рече дека на Србите им се потребни инвестиции и социјални програми, а не „стари пораки што ги држат во заложништво“. Поделбата на Косово никогаш нема да се случи, рече Тачи и ја повика Србија да почне да се однесува кон Косово на „цивилизиран“ начин. Осврнувајќи се на прашањето за понатамошни признавања на Косово, тој рече дека Брисел треба да стори повеќе за да изврши притисок врз петте преостанати членки на ЕУ што не го признаваат Косово, да го признаат. Косово е признаено од 82 земји, но пет членки на ЕУ – Грција, Словачка, Кипар, Романија и Шпанија не го признаваат.
XS
SM
MD
LG