Достапни линкови

Синот на Гадафи нападнат во затвор


Сеиф ал Ислам, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи

Сеиф ал Ислам, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи

Сеиф ал Ислам, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, бил нападнат во притвор во Либија, соопшти Ксавиер-Жан Кеита, главниот бранител на Меѓународниот кривичен суд. Кеита не даде детали за повредите на синот на Гадафи, само рече дека бил „физички нападнат."
Претставникот на Меѓународниот суд рече дека Сеиф ал Ислам бил чуван во самица 139 дена и имал само контакти со властите и со обвинители. Тој одбивал да му се пружи лекарска помош иако се жалел на забоболка. Меѓународниот криичен суд се обидува да го префрли ал Ислам на судење во Хаг, но либиските власти не сакаат да му се суди надвор од земјата.
XS
SM
MD
LG