Достапни линкови

Саркози ја претстави изборната програма


Францускиот претседател Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози вети дека ќе обезбеди буџетски суфицит и ќе го намали долгот на Франција ако повторно биде избран за претседател на изборите кои ќе се одржат на 6 мај. Презентирајќи ја својата програма, Саркози изјави дека ќе се воведе „златно правило" со кое Франција би се обврзала да го балансира буџетот, како што им вети на европските партнери.
Анкетите за јавното мислење покажуваат дека Саркози води пред неговиот главен ривал, Франсоа Холанде од Социјалистичката партија. Рејтингот на Саркози се зголеми откако беше преземена акцијата против радикални исламисти кои нападнаа војници и еврејско училиште во јужна Франција, минатиот месец.
XS
SM
MD
LG