Достапни линкови

Прекин на огнот меѓу завојувани групи во Либија


Либија, Сирт.

Либија, Сирт.

Либиската војска наводно успеала да воспостави прекин на огнот меѓу соперничките групи на западот на земјата по тридневните крвави судири. Во либиското Министерство за одбрана велат дека армиски контингент е распореден во областа за да спречи судири меѓу завојуваните страни. Привремените либиски власти соопштија дека во судирите близу до границата со Тунис загинале 18 луѓе, а 250 биле повредени. Судирите избиле меѓу Берберите од Зувара и вооружени луѓе од соседните арапски градови Регдалин и Џамил. Двата табори беа на спротивни страни и за време на ланскиот конфликт во кој беше соборен режимот на Моамер Гадафи.
XS
SM
MD
LG