Достапни линкови

logo-print

Дневен печат - „Пелистер“ коалиција и „Детонатор“


Опозицијата, ама и владејачката партија, решиле навреме да почнат да работат на случајот избори.

Ќе има ли некакви вонредни избори годинава или не? Или ќе има или опозицијата, ама и владејачката партија, решиле навреме да почнат да работат на случајот.
Фронт на лидери што ловат на харизма. Кредибилитетот кај повеќето лидери на можната опозициска коалиција е нарушен поради минатиот труд, пред се' кај лидерите на СДСМ и ВМРО-НП, а донекаде и кај претседателот на ДПА. А Жерновски и Османи не се доволно истакнати и популарни и на свој грб не можат да понесат поголем дел од коалицискиот товар.

Дневниот весник Ден обелоденува дека „Жолтата куќа бои нови списоци - анкетарите на власта повторно тргнаа од врата на врата за да ги подготват списоците за локалните избори“. Истиот весник открива дека „Ветераните му бегаат на вечниот откако виделе дека не се планирани за локалните“.
Ден: Жолтата куќа бои нови списоци - анкетарите на власта повторно тргнаа од врата на врата за да ги подготват списоците за локалните избори

Ден: Жолтата куќа бои нови списоци - анкетарите на власта повторно тргнаа од врата на врата за да ги подготват списоците за локалните избори


Дневниот Фокус насловува: „Коалиција за оптимизам - БЦ доби одврзани раце да се обиде да формира широка коалиција - дали на Ахмети му се стеснува просторот кому споделувањето на одговорноста со Груевски му паѓа се' потешко“. Утрински ја нарекува „Пелистер коалиција“, средбата меѓу Георгиевски, Жерновски и други лидери на мали десно ориентирани партии, насловувајќи дека „Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена“. Додава дека на средбата во ресторанот „Пелистер“, воопшто не бил поканет Црвенковски, ниту, пак, станало збор за идни разговори со првиот социјалдемократ.

Вечер за оваа средба оди со наслов: „Веселата дружина повторно на иста маса“.

Дневник пишува дека „Дури и да не е шеф, Црвенковски е за нов фронт“.

Нова Македонија прави анализа на опозициските лидери со наслов: „Фронт на лидери што ловат на харизма“, наведувајќи дека „кредибилитетот кај повеќето лидери на можната опозициска коалиција е нарушен поради минатиот труд, пред се' кај лидерите на СДСМ и ВМРО-НП, а донекаде и кај претседателот на ДПА. А Жерновски и Османи не се доволно истакнати и популарни и на свој грб не можат да понесат поголем дел од коалицискиот товар“, анализира весникот.

Разбивањето на мафијашкото јадро, како што повеќето медиуми ја нарекоа полициската акција на откривање на криминалната групација во источниот дел на Македонија, го наведува дневниот Фокус да оди со наслов: „Војна меѓу Мијалков, Урко и Каширски“, а Дневник дека „Детонатор активира меѓупартиска канонада“, во врска со обвинувањата дека уапсените биле наводно рекетари на СДСМ, а наместо одговор од опозициската партија коментирале дека станува збор за судир помеѓу Мијалков и телохранителот на премиерот, Урко, кои се бореле за превласт врз приватните агенции за обезбедување.

Дневниот Капитал објави дека турски Суташ за 4,5 милиони евра го купи пропаднатиот Сведмилк и краварската фарма Еуроленд на Трифун Костовски.

Речиси сите весници ја објавија најавата на министерот Ставревски дека Владата ќе прави ребаланс на буџетот, но дека немала да ги зголемува даноците.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG