Достапни линкови

logo-print

Задолжницата ќе става ред во здравството


Задолжницата во здравството нема да ги даде очекуваните ефекти ако не се прошири и кон приватниот сектор, коментира опозицијата. Власта вели дека ќе има плус пари и за приватните установи.

Задолжницата во здравството нема да ги даде очекуваните ефекти ако не се прошири и кон приватниот сектор, коментираат од опозицијата. Од власта велат дека ќе има плус пари и за приватните установи.
Самите долгови меѓу јавните здравствени установи заклучно со крајот на минатата година, изнесуваат 331 милион денари или 5 милиони евра. А само долгот кон приватните компании изнасува повеќе од 25 милиони евра и сега вие велите за овие што им должите 25 милиони евра не важи, а за овие кои меѓу себе си должат 5 милиони евра меѓу себе важи.

Пратеникот на опозициската СДСМ Марјанчо Николов предлага задолжницата да не остане само меѓу јавните здравствени установи.

„Самите долгови меѓу јавните здравствени установи заклучно со крајот на минатата година, изнесуваат 331 милион денари или 5 милиони евра. А само долгот кон приватните компании изнасува повеќе од 25 милиони евра и сега вие велите за овие што им должите 25 милиони евра не важи, а за овие кои меѓу себе си должат 5 милиони евра меѓу себе важи.“

Заменик – министерот за здравство Јовица Андовски вели дека со задолжницата ќе се подобри плаќањето и кон приватните субјекти.

„Со ова не се во предност јавните здравстени установи, како што велите вие, туку напротив со ова здравствените установи ќе добијат плус пари за да си ги исплатат и редовно да си ги сервисираат обврските кон приватните добавувачи.“
Со ова не се во предност јавните здравстени установи, како што велите вие, туку напротив со ова здравствените установи ќе добијат плус пари за да си ги исплатат и редовно да си ги сервисираат обврските кон приватните добавувачи.

Пратеникот Харалампие Шукаровски вели дека обврските на сите ЈЗУ се тековни и се сервисираат

„Доколку не е така, тогаш би биле блокирани. Овој закон се однесува исклучиво на јавните здравствени установи заради тоа што вршат специфична дејност и побарувањата меѓусебни се специфични.“

Ивон Величковски од Либералната Партија смета дека станува збор за парцијално решение,

„Затоа што во основа концептот на задолжницата и вчера и денес покажува дека всушност доаѓаме до ситуација во која Владата во однос на јавното здравство признава дека се исцрпени финансиските средства и дека нема начин како да овозможи како да се подмируваат навремено дури и обврските меѓу јавните здраствени установи.“

Колку ќе се решат состојбите во здравството ако со овој предлог закон не се опфаќаат старите побарувања, прашува пратеникот на СДСМ Цветанка Иванова.

„Колкави се овие побарувања? Дали тие побарувања нема да тежат и понатаму ќе се рефлектираат на ликвидонста.“

Екс – министерот за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека за решавање на проблемот со долговите потребни се пари, а не задолжници.

„Затоа што потребно е да се обезбедат нормални системи да функционираат со пари, пребивањето може да го направи фондот. Што фондот ќе даде задолжници на веледрогериите кога ќе престанат да испорачуваат, очигледно дека тоа не функционира.“

Кон ова и податокот дека според Државниот завод за ревизија, Фондот за здравствено осигурување на 61 здравствена установа не им исплатил 20,1 милиони евра, иако извршиле здравствени услуги, а на 54 установи им исплатил 19,6 милиони евра, износ за кој немаат извршено здравствени услуги во текот на 2010 година.
XS
SM
MD
LG