Достапни линкови

Попоски-Словенија и Хрватска ни помагаат во патот кон ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Словенија и Хрватска ни овозможија забрзано и поефикасно справување со обврските на патот на Македонија кон ЕУ. Не сме заборавиле дека двете земји од прогласувањето на независноста, немале резерви и дилеми за нашиот идентитет, име и за нашата посебност во балканскиот колорит од народи. Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски, на свеченоста по повод 20 години од воспоставувањето дипломатски односи на Македонија со Словенија и Хрватска. Попоски изрази надеж дека поддршката од Хрватска и Словенија ќе продолжи во иднина за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG