Достапни линкови

Клинтон: Иран да докаже дека нуклеарната програма нема друга позадина


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

САД повторно го предупредија Иран дека мора да биде сериозен во намерата да и докаже на Меѓународната заедница дека позади неговата нуклеарна програма не се крие активности поврзани со развој на оружје. Во спротивно останува заканата и понатаму да се соочи со изолација и економски санкции.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека официјалните претставници на Европската Унија се обидуваат да договорат датум со Техеран за продолжување на преговорите, но и дека САД не се "заинтересирани во разговорите само за добро на разговорите."
Таа додаде дека има се уште време кризата да биде решена на дипломатски начин.
XS
SM
MD
LG