Достапни линкови

Фридом Хаус загрижен за здравствената состојба на Тимошенко


Собата на Тимошенко во затворот во Харков

Собата на Тимошенко во затворот во Харков

Меѓународната организација Фридом хаус соопшти дека е сериозно загрижена за здравјето на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, откако претставник на организацијата ја посети во затворот. Дејмон Вилсон изјави дека Тимошенко не е во состојба да стои или седи, па морала да лежи во кревет во затворот. Вилсон изјави дека добивањето соодветна медицинска нега е најважно за Тимошенко, која се наоѓа на издржување на седумгодишна затворска казна под обвинение за злоупотреба на функцијата.
САД и Европската унија соопштија дека обвиненијата против Тимошенко се чини дека се политички мотивирани и дека таа не доби фер судење.
ЕУ повика таа да добива соодветно болничко лекување надвор од затворот.
XS
SM
MD
LG