Достапни линкови

Унгарски пратеник поднесе оставка поради антисемитистички говор


Унгарскиот пратеник од партијата на крајната десница, Жолт Барат мораше да си поднесе оставка, откако во парламентот одржал говор кој беше отценет како антисемитистички. Во својот говор Барат ја критикувал пресудата на добро познатиот случај од 19 век, со која неколкумина Евреи се прогласени за невини за убиство на една унгарска селанка. Ваквата пресуда своевремено предизвика антисемитизам во Унгарија и доведе до немири во неколку унгарски градови.
XS
SM
MD
LG