Достапни линкови

САД ги поздравија историските избори во Мјанмар


Американската администрација ублажи дел од ограничувањата за патување и финансиски трансакции на Мјанмар, веднаш откако се одржаа историски избори во оваа држава во југоисточна Азија. Изборите конечно ја внесоа опозицијата во парламентот, во државата во која до скоро владееше воената хунта. Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон ќе дозволи високи официјални претставници на Мјанмар да ги посетат САД, како и функционирањето на некои финансиски сервиси со странство, како награда за демократските реформи спроведени во таа земја.
XS
SM
MD
LG