Достапни линкови

logo-print

И со американски и канадски пасош, јас сум Македонец


Градимир Панков, добитник на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот.

Градимир Панков, добитник на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот.

Македонецот Градимир Панков, светски реномиран танчар и уметнички директор на Големиот канадски балет од Монтреал, е годинешниот добитник на наградата „Менада“ што ја доделува „Танц фест“.

Роден на 25 октомври 1938 година, Градимир Панков, некогашниот регионален првак во пливање со амбиција да ја продолжи семејната традиција и да стане стаматолог, денес е врвен кореограф и педагог и актуелен директор на Големиот канадски балет од Монтреал. Но сепак за кратко, бидејќи неможел да и одолее на поканата да биде уметнички директор на Големиот балет на Канада, позицијата на која го затекна и првото признание од родната Македонија – наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот.
Јас можам само да помогнам ако некој ме праша да му помогнам. Ќе беше подобро да дојдев со мојата компанија, но датата на фестивалот не може да се промени.

„Оваа награда всушност уште еднаш ми покажува од каде сум. Јас сум човек со американски и канадски пасош, меѓутоа еден мал интерес за мене ме враќа од таму каде што сум израснал. Со еден збор, не е важно каков пасош имате, вие сте Македонец.“

Прочуениот светски кореограф дополнува дека со најразлични танцови компании неколкупати планирал и се обидувал да стигне до Скопје, но дека од најразлични причини тоа досега не му успеало.

„Да се дојде до Скопје за мене ќе чини многу пари. Нашата претставата, само претставата чини 35 илјади евра и таа желба ми останува се уште.“

Сепак, Градимир Панков не ја исклучува можноста своето знаење да им го пренесе на македонските танчери, особено сега кога веќе не е непознат во средината во која поникнал.

„ Јас можам само да помогнам ако некој ме праша да му помогнам. Ќе беше подобро да дојдев со мојата компанија, но датата на фестивалот не може да се промени.“

Инаку, запрашан како го доживува денешно, модерно Скопје, господин Панков, кој од градов заминал во далечната 1964 година, со дипломатски одговор:

„Јас сум понекогаш пријатно изненаден, некогаш непријатно изненаден, но не сакам да зборувам за непријатните изненадувања, моите пријатни изненадувања се кога ќе ги видам пријателите и фамилијата.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG