Достапни линкови

Биљанини Извори протекоа


Биљанини извори во Охрид

Биљанини извори во Охрид

Надалеку прочуените Биљанини Извори во Охрид по неколкумесечен застој протекоа. Поради нивното секнување дојде до прекин на свежа вода и недостатокот на кислород во каналот Студенчишта поради што се појави помор на поголема количина плашица.

По неколку месеци конечно протекоа Биљанини Извори од каде со вода за пиење се снабдува еден дел од Охрид. Друг дел се користи за потребите на Хидробиолошкиот завод. Протекувањето на изворите го врати животот и во Каналот Студенчишта кое преставува природно мрестилилиште на плашицата.
Биљанини Извори многу значат за Охрид меѓутоа жалосно е да се гледат онакви какви што беа. Благодетот се за градот. Јас сметам дека сушата си го направи своето но причина е и немарноста на луѓето, новите градби исто така си го направија своето. Слушнав дека еден или два бунари се целосно исушени.

Охриѓани велат дека им се вратила насмевката на лицата, но стравуваат оти ова може да се повтори

„Биљанини Извори многу значат за Охрид меѓутоа жалосно е да се гледат онакви какви што беа. Благодетот се за градот. Јас сметам дека сушата си го направи своето но причина е и немарноста на луѓето, новите градби исто така си го направија своето. Слушнав дека еден или два бунари се целосно исушени“, рече еден граѓанин на Охрид
Златко Старковски, директорот на МJP Проаква.

Златко Старковски, директорот на МJP Проаква.


„Доаѓам овде секој ден. И ме изненади тоа да видам Биљанини Извори да течат онака како што течеа порано со полн капацитет“, вели една постара жителка.

Радован Димитриевски и Борис Георгиевски од Спортско риболовниот клуб Свети Апостол Петар сметаат дека за ова што се случи некој треба да понесе одговорност.
Некој сигурно се засрами од нашите постојани апели дека може да се нанесе еколошка катастрофа и некој ги пушти вентилите да протечат Биљанини Извори бидејки за еден ден тоа не може да се случи. Најтрагично е што во Македонија нема инспектор за водостопанство. Последниот заминал во пензија.

„Некој сигурно се засрами од нашите постојани апели дека може да се нанесе еколошка катастрофа и некој ги пушти вентилите да протечат Биљанини Извори бидејки за еден ден тоа не може да се случи. Најтрагично е што во Македонија нема инспектор за водостопанство. Последниот заминал во пензија“, рече Димитриевски.

Во сите нормални држави тоа требаше да биде аларм за сите.Но креваат раце и од Скопје и од Охрид.Тоа што секнаа Биљанини Извори е факт дека нешто се случува.Овде се прават 3000 викенд станови вели Ѓеоргиевски

Директорот на МЈП Проаква Златко Старковски вели оти тие не се виновни за ништо.

„Ние како Проаква немаме некој ефект од тој извор. Значи Биљанини Извори протекоа чисто од природни причини? Да, да. Во овој момент кога се подообри ситуацијата и издашноста на изворите се подобри нашите анализи говорат дека протекуваа сега повеќе од 70 литри вода во секунда и имаме нормално работење на самиот извор.

Екологисти, претставници на невладини сектор, граѓани ќе испратат петциија до надлежните локални и државни органи од кои ќе бараат да бидат утврдени три заштитни зони околу Биљаните Извори околу кои нема да се дозволи градба на станбени комплекси, а изворите да бидат прогласени за споменик на природата.

Експертите сметаат дека протекувањето на Биљанини Извори ќе значи многу за еко системот во езерото поради влезот на поголема количина на свежа вода.
Скулптурата со Биљана како платно бели во кругот на изворите потсетува на едно убаво време кога изворите го немаа овој проблем.
XS
SM
MD
LG