Достапни линкови

Владата најави ребаланс на буџетот во наредните 10 дена


Министерот за финансии Зоран Ставревски

Министерот за финансии Зоран Ставревски

Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави денеска дека владата во наредните 10 дена ќе направи ребаланс на Буџетот со кој ќе има намалување за пет отсто. Според него, причината за таквата одлука се случувањата во еврозоната и условите во првите три месеци кои влијаат на намалување на економската активност на претпријатијата и потрошувачката. Со ребалансот ќе бидат опфатени сите сегменти, освен пензиите, платите, социјалните додатоци и субвенциите.
Ставревски најави дека буџетскиот дефицит ќе остане на планираните 2,5 насто, а ќе биде корегиран растот на БДП, кој е проектиран на 4,5 проценти.
XS
SM
MD
LG