Достапни линкови

Продолжи акцијата „Детонатор“ во Крива Паланка и Кочани


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Во продолжението на полициската акција „Детонатор“ во текот на вчерашниот ден во Крива Паланка и Кочани биле извршени претреси на неколку објекти. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека пронајдени се околу 200 апарати во објекти кои не биле легално регистрирани за приредување игри на среќа. При претресот пронајдена е и одредена количина оружје и муниција од различен тип. Според Јанкулоска, заработката од апаратите изнесувала најмалку 100 илјади евра месечно.
За двајца сопственици на објектите е поднесена кривична пријава.
XS
SM
MD
LG