Достапни линкови

Изборно виртуелна Србија - оставка на Тадиќ


Тадиќ во изборна кампања во Лесковац.
Тадиќ во изборна кампања во Лесковац.

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска поднесе оставка со цел заедно со парламентарните на 6 мај да бидат одржани и претседателски избори.

Целта на Тадиќ била да се штеди и изборите да бидат во еден ден, иако претседателските требаше да се одржат идната година во февруари. Но според медиуми во Србија, Тадиќ сака да го зголеми рејтингот на неговата Демократска партија која сега заостанува зад опозиционата Српска напредна партија. Во меѓувреме, изборните ветувања ја претворија Србија во виртуелна држава.
Една луда вест ја престигнува претходната луда вест и тешко ми е сите да ги фатам.
Марко Сомборац, карикатурист.

„Една луда вест ја престигнува претходната луда вест и тешко ми е сите да ги фатам“, вели карикатуристот Марко Сомборац, објаснувајќи дека не стигнува да нацрта се што се кажува како изборно ветување.

А нив ги има и тоа како што и бива на овие балкански простори. Благосостојба на сите страни, се ветува невозможното, а тоа по правило и не може да се критикува, како што јавува нашиот дописник Људмила Цветковиќ. Се ветуваат километри нови патишта, десетици фабрики, илјадници работни места. Се ветуваат стотоци нови коридори, милијади евра и долари, преку ноќ. И неуморниот претседател и лидер на Демократската партија Борис Тадиќ во последните недели отвори повеќе погони отколку за време на мандатот.

„Битно е да обезбедиме секој да има работа и јас сум убеден дека тоа може да го постигнеме и не ветувам кули и градови“, изјави Борис Тадиќ.
Министерот за култура Предраг Марковиќ ја презентира мапата на Ниш
Министерот за култура Предраг Марковиќ ја презентира мапата на Ниш

Лидерот на опозиционата Српска напредна партија Томислав Николиќ, пак ветува поинаква власт ако победи. Тој ќе му дадел право на компјутерот да врши јавни набавки, по модел на Јужна Кореја, бидејќи, вели дека човекот бил расиплива стока.

На граѓаните, пак, најсмешни им се ветувањата од типот „И Косово и Европа“ или „департизација на фирмите“. Тука вистината отишла на одмор, вели социологот Ратко Божовиќ.

„Тука изгледа треба да се повикаме на онаа народната – на ветувањата само лудиот им се радува.“
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG