Достапни линкови

Почна судењето во Анкара против организаторите на воениот удар


Кенан Еврен, поранешен генерал и претседател на Турција

Кенан Еврен, поранешен генерал и претседател на Турција

Судот во Анкара денеска го започна процесот против двајцата живи лидери од воениот удар во Турција во 1980-та година. Поранешниот начелник на генералштабот Кенан Еврен, кој потоа стана претседател на Турција и поранешниот командант на воздухопловните сили Ташин Сахинкаја се обвинети за злосторства против државата кога ја отстранија цивилната влада, по што 15 луѓе беа егзекутирани, половина милион уапсени, стотици починаа во затвор, а многумина изчезнаа во трите години од военото владеење. 94-годишниот Еврен и 87-годишниот Сахинкаја не се појавија во судницата поради здравствени проблеми.
XS
SM
MD
LG