Достапни линкови

Американски маринци се распоредуваат во Австралија


Околу 200 американски маринци пристигнаа во Австралија, како дел од вкупниот контингент од 2.500 американски војници кои ќе бидат распоредени во таа земја. Со тоа, Соединетите Држави го продлабочуваат военото присуство во Азијско-пацифичкиот регион. Распоредувањето на американските маринци во северна Австралија предизвика загриженост во Кина, која ова го смета за можна закана за стабилноста во регионот. Министерот за одбрана на Австралија, Стивен Смит изјави дека Кина нема причини за загриженост и оти Австралија не ја гледа Кина како закана. Американскиот амбасадор во Австралија Џефри Блич додаде дека регионот е со најбрз економски и демографски развој и затоа треба да биде гарантиран мирот, стабилноста и просперитетот.
XS
SM
MD
LG