Достапни линкови

Тадиќ ќе соопшти дали поднесува оставка


Српскиот претседател Борис Тадиќ се очекува денеска да соопшти каква одлука донесол во врска со претседателските избори. Тој неодамна изјави дека најдоцна до денеска ќе каже дали поднесува оставка на функцијата.
Според некои медиуми во Србија, најверојатно Тадиќ ќе соопшти дека се повлекува и со тоа ќе биде отворен простор за одржување избори за нов претседател, заедно со парламентарните, кои се закажани за 6 мај.
Доколку тоа се случи, должноста претседател на Србија привремено ќе ја преземе првата парламентарка Славица Ѓукиќ Дејановиќ.
XS
SM
MD
LG