Достапни линкови

Истрага за пожарот на московски пазар во кој загинаа 17 лица


Руските власти приведоа две лица на сослушување во врска со вчерашниот пожар во магацинот на еден пазар во Москва во кој загинаа 17 работници мигранти. Едниот од приведените е сопственикот на пазарот, а другиот го имал земено пазарот под наем и ангажирал работници.
Милиони мигранти од сиромашните поранешни советски републики работат во Русија, а се претпоставува дека меѓу загинатите во пожарот најмногу има Узбекистанци и Таџикистанци.
Се уште нема информации за причините за несреќата.
XS
SM
MD
LG