Достапни линкови

Почнува судскиот процес против Кенан Еврен


Денеска во Анкара почнува судскиот процес против поранешниот турски претседател, генералот во пензија Кенан Еврен, под обвинение за учество во организирањето на државниот удар во Турција во 1980 година. Педесет луѓе беа погубени, половина милион уапсени, стотици починаа во затвор, а многумина исчезнаа за време на тригодишното воено владеење по воениот удар на 12 септември 1980 година. Повеќе од 30 години подоцна судот во Анкара ќе го почне сослушувањето во случајот против 94-годишниот Еврен, кој подоцна беше и претседател.
Со судење се соочува уште еден преживеан учесник во воениот удар, а тоа е 87-годишниот Тахсин Сахинкаја, поранешен командант на военото воздухопловство.
XS
SM
MD
LG